Чиријако Сфорца доби отказ во Базел по шокантниот пораз на домашен терен од Вадуз вчера со 1:2 во меч од швајцарската лига. Легендарниот швајцарски репрезентативец со 79 настапи за својата земја не е ни одблизу добар како тренер како што беше во професионалната фудбалска кариера.
Отказот е логичен бидејќи Базел, кој е најуспешниот тим во Швајцарија во овој милениум, моментно е на четвртото место во Првата лига и е надвор од зоната што води во еврокуповите.
Сфорца беше именуван за тренер на Базел во август лани, а издржа само 7 месеци пред да добие отказ.
Како играч со Баерн Минхен успеа најпрво да го освои пехарот во УЕФА купот во 1996 година, а пет години потоа и да стане европски првак со Баварците во Милано на „Сан Сиро“ со победа против Валенсија во финалето по подобро изведување на пенали.