15.8 C
Skopje
петок, 27 февруари 2026

Со Барселона ја освои Лига на шампиони, заработуваше милиони, а сега на 41 година работи во продавница

Некогашниот дефанзивец на Барселона, Жереми Матие ја „отвори душата“ и проговори за тешката реалност во животот која го снајде по завршување на играчката кариера. Матие во дресот на Барселона освојуваше многу трофеи, стигна и до пехарот во Лига на шампиони, а кога играше во Валенсија беше еден од милениците на фановите на „Местаља“.

Сепак, неочекувано во 2020 година Матие беше принуден да ја заврши кариерата поради тешката повреда на ногата додека играше во дресот на Спортинг во Португалија. По поврелувањето од фудбалскиот терен, Матие се повлече и од јавниот живот, а неодамна се појавија фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа како некогашниот играч на Барселона работи во продавница на Интерспорт во близина на Марсеј.

Самиот фудбалер во интервју за „beIN Sports“, откри колку му било тешко да го прилагоди животот по завршување на играчката кариера. Тоа што веќе не можел да игра и да биде актувен, многу влијаело на неговото ментално здравје.

Матие раскажа како еден пријател од академијата на Сошо, Лоик Ловал-Ландре, му помогнал да најде работа и да си замине од дома по месеци борба со проблеми со менталното здравје. Поранешниот дефанзивец објасни дека стигнал до точка каде што му била потребна структурирана рутина за да се справи со изолацијата што ја чувствувал по завршувањето на кариерата.

Со добивањето на работа во трговијата, на Матие му се вратиле чувството на нормалноста и поентата за живот.

„Знаев дека сакам малку да излезам од дома, затоа што некое време ништо не работев. Разговаравме и ми рече дека има едно слободно работно место“, вели Матие.

Пред неколку месеци, еден случаен минувач го препозна Матие на работа, а фотографијата брзо стана вирална. Ова привлече многу љубопитни луѓе кои доаѓаа во продавницата само за да се фотографираат со поранешниот фудбалер. Несаканото внимание Матие тешко го прифати, затоа што тој само се обидуваше да го обнови својот живот подалеку од рефлекторите.

Луѓе блиски до Матие ги искористија социјалните медиуми за да ја замолат јавноста да ја почитува неговата приватност за да може да работи во мир. Така, продавницата стана неочекувана дестинација за фудбалските навивачи, комплицирајќи го она што требаше да биде едноставно, терапевтско враќање во нормалниот општествен живот.

- Оглас -

Најнови вести