Македонската ракометна репрезентација од денеска, па во следните 10 дена ќе биде во Стара Пазова во Србија, каде што ќе ги одработуваат подготовките за настапот на Европското првенство кое следниот месец ќе се игра во Германија.
View this post on Instagram
Вкупно 17 од планираните 19 ракометари тргнаа кон Стара Пазова, каде што во следните неколку дена треба да им се приклучат и единствените двајца интернационалци, Филип Талески и голманот Никола Митревски.
Првиот тренинг ракометарите го одработија вчера во „Автокоманда“, а сега треба да започне темпирање на формата за селекцијата да биде целосно подготвена за настапот на континенталниот собир кој ќе започне на 10 јануари. Македонија е во група со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.