Со бизарниот автогол на Лено, Арсенал првпат сезонава загуби во петок (видео)

Арсенал на бизарен начин првпат сезонава загуби во петок, уништувајќи го учинокот од седум победи и две ремија во последниот работен ден од неделата. Евертон со автоголот на Лено во 76-тата минута оствари победа на „Емирати“, односно на гости кај Топчиите, првпат по повеќе од 25 години.

Без многу возбудувања и само една голема шанса на Сигурдсон да забие од слободен удар при што ја погоди гредата на Лено, наговестуваше дека двете екипи ќе ги поделат бодовите, но на околу 15 минути до крајот Ричарлисон го натера германскиот голман да се посрамоти.

Од мртов агол офанзивецот на Евертон упати силен удар кој Лено сакаше да го скроти лесно, меѓутоа топката му се лизна од рацете, му помина низ нозе и заврши во голот на домаќините. Карамелите на тој начин остварија двојна овосезонска победа против Арсенал, откако триумфираа со 2-1 првата нивна средба на „Гудисон парк“.

- Оглас -

Најнови вести