Алексис Санчес постигна прекрасен гол од слободен удар во Ла Паз, највисокото место на светот каде што се игра фудбал.
Репрезентативецот на Чиле изведе велемајсторски слободен удар од незгодна позиција, откосо од над 20 метри, и го совлада голманот на Боливија, Лампе во 14-тата минута за предност на гостите од 1:0.
Мечот доцнеше половина час поради невреме, а се игра на стадионот „Ернандо Силес“ во Ла Паз на околу 3.600 метри надморска височина, што е највисокото место каде што се игра фудбал на планетата.
Efforts being made in order to properly prepare the pitch for the Bolivia vs Chile match. Match was delayed beacuse of flooding. from soccer
Во Ла Паз гостинските репрезентации и екипи имаат многу проблеми со разредениот воздух, па честопати имаат и специјални подготовки за да се прилагодат на условите.
На Санчес очигледно не му пречеше воздухот и му донесе предност на Чиле со фантастичен гол од слободен удар. Голот можете да го погледнете ОВДЕ.
Мечот меѓу Боливија и Чиле е многу важен во квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар.
Бразил и Аргентина веќе се пласираа на Светското првнство, Еквадор е на прагот да им се приклучи, а за последното честврто место што води директно во Катар битката е голема.
Перу моментно е на посакуваната позиција со 20 бодови, Чиле ако победи ќе има 19, колку и Уругвај, Колумбија е зад нив со 17, а моментно со негатива од 0:1 Бливија има 15 бодови.
Теоретски шанси има и Парагвај со 13 бода, додека Венецуела е отпишана со само 10 бода и три меча до крајот на квалификациите во Јужна Америка.
Битка има и за петтото место кое носи во дополнителен бараж и може да и обезбеди на Јужна Америка и петти учесник на Мундијалот во Катар шрто ќе се игра годинава во ноември и декември.