Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, загуби од Хрватска со 62-80 во денешниот натпревар од квалоификациите за Европското првенство закажано за 2021 година. За нашата репрезентација ова е трети пораз во третото коло, но резултатот против Хрватска и не е толку лош како првите два кога од Германија и Летонија поразите беа со 60 поени разлика.
Присуството на ВНБА ѕвездата Дуана Бонер, и плејмејкерот Анџелика Митрашиновиќ, значи многу за тимот на селекторот Владимир Ѓоровиќ, па поразот не беше катастрофален.
Бонер имаше 20 поени, 17 скока и 7 асистенции, со што докажа дека е големо засилување за овој тим. Митрашиновиќ придонесе со 15 поени, а двоцифрена беше и Нена Трајчевска со 10 поени. Следниот меч е задутре против Германија, истотака во Рига.