Филип Костиќ од Ајнтрахт Франкфурт е првиот стрелец во осминафиналето во Лигата на Европа, а погодокот што го постигна против Бетис во 14-тата минута беше прекрасен.
Српскиот репрезентативец забележа дека голманот на Бетис, Браво, не е подготвен и откосо со лоб го изненади искуснуиот 38-годишен Чилеанец.
Голот можете да го погледнете ОВДЕ.
За Костиќ ова е прв гол во Лигата на Европа сезонава, а Ајнтрахт има предност од 1:0 на „Бенито Вилјамарин“ по 25 минути игра.
Во тек е и вториот меч од осминафиналето во Лигата на Европа меѓу Порто и Лион. Утре се играат преостанатите пет меча, а Лајпциг веќе е четвртфиналист по исфрлањето на рускиот тим Спартак Москва.