Со брутален фаул му ја скрши ногата, а потоа се случи хаос на теренот (Видео)

Мечот од еквадорското првенство меѓу Индепедиенте дел Вејл и Мушук Руна го одбележа бруталниот фаул по кој еден домашен фудбалер заработи скршеница на ногата. Резултатот беше 1:1, а се играше 62 минута кога домаќините тргнаа во контра напад. Арохо Верназа имаше отворен пат кон голот на противникот, но противничкиот играч Негро реши по секоја цена да го сопре.

Со брутален лизгачки старт директно на ногата на противникот Негро успеа да го сопре нападот на домаќините, но цената за тоа беше скреница на ногата на Верназа. Домашниот фудбалер веднаш почна да се превиткува од болка, додека играчот кој стартуваше се правеше како ништо да не било и с ечудеше зошто му е покажан црвен картон.

Токму затоа веднаш настана и мешаница на теренот, а потоа се вжешти атмосферата на теренот, па до крајот на средбата беа исклучени уште по еден играч во двата тима. На крајот домашниот тим победи со 3:1.

 

- Оглас -

Најнови вести