18.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Со Чави од Барселона си заминуваат и петмина фудбалери

Екипата на Барселона налето ќе доживее големи промени откако по одлуката на тренерот Чави Ернандес да си замине на крајот од сезоната, место на „Камп ноу“ нема да има барем уште за петмина фудбалери.

Каталонските медиуми пишуваат дека управата на Барселона планира да се раздели со петмина фудбалери, а меѓу нив е и капитенот Серхи Роберто.

Минатото лето Серхи остана во Барселона само на инсистирање на Чави, но по заминувањето на тренерот на крајот од сезоната, речиси сигурно е дека и капитенот ќе го напушти клубот.

Договорот на Серхи Роберто истекува на крајот од сезоната и уште сега се знае дека претседателот Жоан Лапорта нема намера да му понуди нов.

Следни играчи кои се вишок се Маркос Алонсо и Ориол Ромеу од кои Барселона не очекува голема заработка, туку желба е управата е да ја намали сумата која ја издвојува за плати.

Лапорта очекува голема заработка од евентуалната продажба на Рафиња и Андреас Кристенсен кои ќе бидат ставени на трансфер-листата. Сумата која Барселона ја бара за Рафиња изнесува 70 милиони евра и оваа сума нема да претставува проблем за премиерлигашите, додека од продажбата на Кристенсен се очекува заработка од 30 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести