Со четири погодени полувреме-крај, стружанец со 20 денари уплата заработи околу 2.000 евра (Фото)

Во уплатно место на Sport Life во Струга, еден обложувач вчера уплатил 20 денари и потоа задоволно триел раце бидејќи има добитен тикет со бруто-добивка од над 2.000 евра.

На тикетот со вкупна квота од над 6.300 има само четири натпревари и на сите е играта полувреме-крај, со тоа што се барало реми на полувреме и победа на гостите на крај.

На сите четири прогнозирани меча на полувреме резултатот бил 0-0. Потоа во прилог му одеа победите на Брентфорд над Кристал палас, изненадувачката на Хетафе над Реал Сосиедад, за која има и најголема квота.

Критичен бил францускиот меч со оглед на тоа дека се барала „двојка“ на крај, а 1-0 повеле домашните на стартот на вториот дел, па Монпелје правеше пресврт со гол во 83-тата минута.

За крај останало Манчестер јунајтед да победи по нерешено на пауза, а и тука настаните се одвиваа според желбите на овој прогнозер, кој заслужено си доби голема сума пари.

- Оглас -

Најнови вести