23.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Со дебакл заврши сезоната за Никола Јокиќ (Видео)

Екипата на Оклахома се пласираше во конференциското финале во НБА плејофот откако во решавачкиот меч против Денвер нагетс, победи со убедливи 125:93. Со овој триумф пред своите навивачи, Оклахома стигна до клучната четврта победа против Денвер и си обезбеди пресметка со Минесота.

Оклахома која го имаше убедливо најдобриот биланс во регуларниот дел од сезоната, се намачи против Денвер и дури во седум меча продолжи понатаму. На решавачкиот меч, Денвер започна добро и гостите водеа со 26:16 пред крајот на првата четвртина.

Потоа следуваше серија од 13:0 на Оклахома за водство на гостите и тоа што е интересно, од тој момент, па до крајот на средбата, домаќините не беа во негатива. Денвер држеше ритам до 42:41, а многу брзо потоа резултатот покажуваше 56:43.

Од тој момент, па до крајот, разликата ниту еднаш не се спушти под 10 разлика. Шеј Гилџес-Александер со 35 поени беше предводник на победничкиот тим, а Вилијамс додаде 24 поени. Кај Денвер, прв стрелец беше Никола Јокиќ со 20 поени, девет скока и седум асистенции, а Браун додаде 19 поени.

- Оглас -

Најнови вести