Со Димитријевиќ и Ѓуроски, Македонија комплетна патува за Перм

Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски утрово пристигнаа на собирното место пред СЦ „Јане Сандански“ и ѝ се приклучија на кошаркарската репрезентација пред патот кон Перм.

Македонија комплетна тргнува на турнирот во Русија, каде што ќе игра во „балон“ против домаќинот, Италија и Естонија во битката за пласман на Европското првенство 2022.

фото КФСМ

Oд собирното место селекцијата се упати кон скопскиот аеродром, од каде што ќе тргне кон Перм. Летот е закажан во 10 часот и нашите репрезентативци ги очекува долг пат, предвидено е да пристигнат околу 16:40 часот по македонско време.

- Оглас -

Најнови вести