29.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Со дрес на Јувентус седна меѓу навивачи на Интер, на крајот не помина убаво (Видео)

Интер ремизираше 2:2 на пријателски меч против Монако, а фановите на италијанскиот тим беа непријатно изненадени откако на трибините на стадионот здогледаа човек во дрес на Јувентус.

Иако Јувентус воопшто немаше никаква врска со овој контролен дуел, момчето во црно-бел дрес на Јувентус, мирно си седна на трибините, но тие околу него не беа многу мирни.

Кога фановите на Интер го здогледаа, веднаш започнаа со вербални закани, додека момчето мирно седеше без да возврати на тие навреди. Иако момчето не возвраќаше на навредите, неговата провокација да биде на трибина каде што се фановите на Интер беше повеќе од една вербална провокација.

За да не дојде до поголем физички инцидент мораше да реагира и полицијата, а на крајот фанот на Јувентус мораше да го соблече дресот и со тој начин на престане да ги провоцира фановите на Интер. На крајот, навивачот на Јувентус остана без дресот.

https://twitter.com/i/status/1548674877267263489

 

- Оглас -

Најнови вести