Со дрон го плашеа Мбапе, по прекинот се налути и му ја наполни мрежата на Ван (Видео)

Интересен момент имаше во средината на првото полувреме на куп-мечот меѓу Ван и Пари Сен Жермен, а поради лет на дрон во близина на стадионот на домаќините, мечот беше за кусо во прекин.

Судијата Стинат покажа дека мечот ќе биде прекинат додека не се тргне леталото кое видливо леташе над стадионот на членот на Националната лига во Франција.

Моментот од 25-тата минута и летот на дронот над стадионот „Де Ла Рабин“ во Ван можете да го погледнете ОВДЕ.

Во тој момент беше 0:0, а веднаш потоа Кимпембе му донесе предност на фаворитот со гол во 28-мата минута.

Во второто полувреме се разигра големата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе, и постигна хет-трик од 59-тата до 77-мата минута.

Особено атрактивен беше вториот гол на Мбапе, трет за ПСЖ постигнат во 71-вата минута.

Тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.

ПСЖ рутински се пласира во осминафиналето на Францускиот куп и следен ривал ќе му биде Нант.

- Оглас -

Најнови вести