19.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Со два дуели продолжува премиерното коло во ПМФЛ

Струга вчера ја отвори сезоната во фудбалска Македонија со убедливи 3-0 над Победа, а за денес се предвидени уште два натпревари од премиерното коло во ПМФЛ.

Работнички гостува кај Силекс во Кратово во обидот на Романтичарите да ја прекинат низата од негативни резултати која датира од ноември 2017 година. Работнички како гостин кај Кратово загуби пет од последните шест меча, меѓу нив има и едно реми, а според последните четири меѓусебни дуели во кои се одржувал просек од речиси три гола, би требало и денес да биде ефикасна средбата.

Академија Пандев на свое тло ја пречекува Брегалница со очекувања да тргне со три освоени бода во новата сезона. Иако тимот од Струмица имаше турбулентен подготвителен период во кој играше и двомеч со Лехија во европските квалификации, треба да ја оправда фаворитската улога против штипјани. Брегалница во мечот ќе влезе со позитивен скор од три победи и по едно реми и пораз од последните пет меѓусебни дуели против Академија Пандев.

Натпреварите се закажани во 17:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести