Селтик е блиску до договор со Клуж за ангажман на францускиот интернационалец Билел Омрани, играч кој беше најзаслужен за елиминацијата на шкотскито гигант во квалификациите за настап во Лигата на шампионите.
Играчот со алжирски корени и француски пасош постигна два гола во неверојатниот реванш меч од полуфиналето во квалификациите за ЛШ меѓу Селтик и Клуж, што заврши со победа на Романците од 4:3. Тоа беше доволно за Клуж да мине понатаму и да игра завршен двомеч за пласман во елитното натпреварување, иако подоцна беше елиминиран од Славија Прага.
Омрани е прв стрелец во квалификациите за ЛШ со шест гола, одигра одличен циклус и Селтик сега нуди 3.3 милиони евра за да го купи.