Македонија води со 2:0 против Малта, а до крајот има уште 20-тина минути. Ако во првиот дел македонските фудбалери делуваа заспано и безопасно, во вториот дел ситуацијата е сосема поинаква.
Опасни напади, одлични шутеви и сето тоа резултира со два погодока во мрежата на гостите. Елиф Елмас во 66-тата минута погоди од работ на шеснаесетникот за 1:0, а само шест минути подоцна на погодок се израдува и Дарко Чурлинов.
Чурлинов во игра влезе во 58-мата минута, а во 72-рата минута постигна одличен погодок за 2:0.