Со две мајстории играч на Валенсија повтори подвиг стар пет години (ФОТО)

Валенсија со 3:1 го победи Гетафе, а херој на домаќините беше Карлос Солер.

Тој имаше две асистенции и еден постигнат гол за тимот од „Местаља“, со што се приклучија кон самиот врв во Ла Лига.

Солер најпрвин му асистираше на Гонзало Гуедеш во 48-та минутаа а три минути подоцна тој упати и прецизна топка до Максимилијано Гомез.

Најдобриот поединец на средбата стави точка на победата во 61-та минута, додека во меѓувреме гостите се надеваа на позитивен исход откако Жаум Доменех си даде автогол.

Карлос стана првиот фудбалер по Дани Парехо кој на еден натпревар успеал да забележи две асистенции, а тоа претходно се случи во октомври 2017 година.

Со оваа победа, Валенсија сега има 36 бода и е на деветтото место во Ла Лига по 27 одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести