Со Елмас и Трајковски ќе ја нападнеме Словенија

Во формација 3-4-1-2 Македонија најверојатно ќе го почне денешниот дуел против Словенија. Ова ќе биде првиот од двете контролни средби пред патот на Македонија на Европското првенство.

Селекторот Игор Ангеловски нема да експериментира во дефанзивата, па покрај Димитриевски на голот, пред него најблиску ќе бидат Велковски, Муслиу и Ристовски. Во средниот ред треба да има место за Алиоски, Адеми, Костадинов и Николов.

Капитенот Горан Пандев треба да делува како полушпиц и ќе биде веднаш зад напаѓачкото дуо Елмас и Трајковски.

Македонија против Словенија има одиграно шест меча и има позитивен биланс од четири победи, едно реми и само еден пораз. Дуелот се игра од 18 часот на Арената „Тодор Проески“, а за првпат по повеќе од една година на трибините е дозволено да има навивачи.

 

- Оглас -

Најнови вести