Лацио и Торино одиграа 1:1 на „Олимпико“ во меч со кој се комплетираше 30-тото коло во италијанската Серија А. Откако немаше многу возбудувања во првиот дел, мрежите на тима се тресеа во вториот дел.
Најпрво Лацио се израдува на погодок. Се играше 57 минута кога Марушиќ погоди за водство на домаќините. Гостите не се предадоа и тргнаа поофанзивно за да израмнат, а тоа се случи во 82 минута. Литванскиот репрезентативец Гвидас Гинетис одлично се снајде и ја затресе мрежата на Лацио.
Целиот меч за Торино го одигра Елиф Елмас и беше еден од подобрите на теренот. Откако Елмас дојде во Торино и кога македонскиот репрезентативец се стекна со место во стартниот тим, калчолигашот нема ниту еден пораз (три победи на Торино и две нерешени).
По ова коло, Торино е со 39 бодови и е на 11 место на табелата, додека Лацио сега има 52 бодови и Небесносините се на седмото место на табелата, со реални шанси да се борат за пласман во Лига на шампиони за следната сезона.