Со европски микс во Квоти на денот до одличен тикет со супер квота (Фото)

Пет натпревари од четири држави се дел од понудата со Квоти на денот на Sport Life. Искомбинирани на еден тикет прават квота од 47.7.

Единствениот натпревар од Серија А кој на програмата е денес, Сасуоло – Фиорентина, се очекува да донесе голови. Предлогот е да одиграте двојна шанса на гостинската екипа, но и да се тресат двете мрежи, односно да биде гол-гол. Квотата за оваа игра е 2.05.

На дуелот од германската лига помеѓу Вехен и Арминија Билефелд се очекуваат погодоци во двете полувремиња. Предлагаме да одиграте дека и во првото и во второто полувреме ќе бидат постигнати помеѓу еден и три погодоци. Квотата исто како и на првиот натпревар, е 2.05.

Ирскиот фудбал секогаш изобилува со голови, а екипата на Шамрок е таа од која се очекуваат голови на мечот против Дандалк. Предлогот за овој натпревар е домашните да постигнат помеѓу еден и три голови и во првото и во второто полувреме, а квотата за овој натпревар е најголема во оваа понуда, 2.40.

Бордо е фаворит против Родез во дуелот од втората француска лига и се очекува да забележи победа, но притоа на мечот да бидат постигнати помеѓу два и четири голови. Квотата за овој натпревар е 2.25.

На вториот натпревар од француската второлигашка конкуренција екипата на Мец е фаворит против Бастија. Во дуелот на поранешните прволигаш се очекува домашните да постигнат барем еден погодок во првото полувреме, а најмалку два на целиот меч. Квотата за оваа игра е 2.10.

- Оглас -

Најнови вести