Жозе Мурињо е личност број еден кај навивачите на Рома во моментов. Португалецот го предводеше тимот до првиот меѓународен трофеј по пауза од шест децении, односно прв воопшто трофеј по речиси 20 годишно чекање.
Во финалето на Конференциската лига, Рома го победи Феенорд со 1:0, а потоа низ улиците на Рим следеше славје. За Мурињо често велат дека неговиот тим игра како да го има паркирано автогусот пред голот, а дека токму тој се наоѓа на шоферската позиција.
Тренерот на „римската волчица“ во еден момент од прославата, се одлучи да седне зад воланот и да им покаже на сите дека знае навистина да вози автобус.
Jose Mourinho got to drive the Roma parade bus before the parade started 😭😭😭 pic.twitter.com/jEQS67N2Ck
— J (@MourinhoPics) May 27, 2022