Со гол од пенал во 101 минута кој предизвика многу дилеми, Фенербахче го доби истанбулското дерби (Видео)

Фенербахче минимално со 1:0 го победи големиот градски ривал Бешикташ во големото истанбулско дерби во рамките од 28 коло на турското првенство. Голот на одлука беше постигнат буквално во последните моменти од мечот, односно во 101 минута.

Одлуката да се досуди пенал предизвика многу полемики и дискусии затоа што нема чист агол од кој може да се процени дали фаулот е направен надвор од шеснаесетникот или внатре во казнениот простор. Факт е дека фаулиран беше крилниот напаѓач на Фенербахче, Нене, а судиите од ВАР собата утврдија дека има елементи за пенал.

Оваа ситуација може да ја видите ТУКА.

Сигурен реализатор беше Керим Артукоглу за победа со која Фенербахче стигна до 63 бодови и сега има само еден помалку од лидерот Галатасарај, но првопласираниот тим има и меч помалку. Бешикташ остана на четвртото место со 53 бодови и е далеку од трката за титулата.

Фенербахче чека да се израдува на шампионска титула во Турција уште од далечната 2014 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести