Екипата на Сарбрикен продолжува со чудата во Германскиот куп откако се пласира во полуфиналето. На домашен терен, третолигашот го победи Бундеслигашот Борусија Менхенгладбах со 2:1.
Фаворизираната Борусија поведе со голот на Робин Хака во осмата минута, но третолигашот не се предаде. Само три минути подоцна израмни Наифи, а се играа последните моменти од мечот кога Сарбрикен изведе одличен контранапад и со голот на Каи Брунер во 93-тата минута стигна до победа од 2:1. Погодокот за победа на Сарбрикен може да го видите ТУКА.
На патот до полуфиналето, Сарбрикен ги елиминира и Баерн Минехн и Ајнтрахт Франкфурт, а сега следен ривал им е второлигашот Кајзерслаутерн.
Во второто полуфинале ќе играат Баер Леверкузен и второлигашот Фортуна Дизелдорф. Ова е првпат во историјата на Германскиот куп во полуфиналето да има само еден тим од Бундеслигата, а останатите три екипи да се дел од пониските лиги.

