Јувентус го победи актуелниот европски првак Челзи, и тоа минимално со 1:0 во дербито на вечерта во Лигата на шампионите. Моментот на одлука се случи на стартот на второто полувреме, кога Федерико Кјеза го матираше Менди.
Погодокот на Кјеза е историски во ЛШ затоа што беше постигнат само по 10 секунди откако започна вториот дел и е најбрз во историјата, откако во 2003 година се води статистиката на Опта. Погодокот на Кјеза може да го видите ТУКА.
45:10 – Federico Chiesa has given Juventus the lead just 10 seconds into the second half against Chelsea, the earliest second half goal Opta have on record in a Champions League match (since 2003-04). Sleeping. pic.twitter.com/Gdbalsift5
— OptaJoe (@OptaJoe) September 29, 2021
Барселона е без бодови по две кола, откако претрпе нов убедлив пораз. По 0:3 на свој терен од Баерн Минхен, сега каталонскиот тим загуби со 3:0 на гости кај Бенфика. Само по три минути игра, Бенфика ја најави големата победа кога погоди Дарвин Нуњес. Домаќините дадоа уште два гола во второто полувреме за голема победа над фаворизираните гости.
Баерн Минхен уште еднаш потврди дека е еден од најголемите фаворити за европската титула откако дома со 5:0 го победи Динамо Киев. Роберт Левандовски даде два гола во првото полувреме, а во вториот дел по еднаш прецизни беа Гнабри, Сане и Чупо-Мотинг.
Нерешено со резултат 1:1 заврши дуелот меѓу Волфсбург и Севилја, додека Салцбург со 2:1 го победи Лил. Претходно денеска, Аталанта минимално со 1:0 славеше над Јанг бојс, додека Зенит убедливо со 4:0 го победи Малме.