Со голот на Алварез и со фортуната на своја страна, Атлетико победи и се искачи на врвот на Ла Лига (Видео)

Атлетико Мадрид го победи Атлетик Билбао со 1-0 во драматичен натпревар кој го реши аргентинскиот интернационалец Хулијан Алварез. Тој постигна победнички погодок во 66-та минута и донесе триумф со кој составот на Диего Симеоне се искачи на врвот на табелата во Ла Лига со 56 бода.

Сега Атлетико има два бода повеќе од Реал, во пресрет на утрешниот дуел на Барселона со Реал Сосиедад.

Домаќинот имаше и многу среќа на овој натпревар, затоа што Атлетик Билбао не реализира неколку убави шанси, а дури трипати ја погоди и рамката од голот на Јан Облак.

- Оглас -

Најнови вести