Со голови во 93-та и 94-та минута, само на четири меча со 50 денари заработи 11.000 евра!

Со малку мечеви, мала уплата, а огромна добивка. Дека тоа е можно, покажа тикетот уплатен вчера во Sport Life во Велес. Со четири меча на коишто се вложени само 50 денари, добивката е неверојатна и изнесува 679.658 денари, односно малку повеќе од 11.000 евра.

КОГА САКА, САКА: ДВА МЕЧА СО ГОЛОВИ ВО СУДИСКОТО НАДОПОЛНУВАЊЕ ГО СПАСИЈА ТИКЕТОТ

Три од четирите погодени меча се на играта ГГ прво и второ полувреме, односно во двете полувремиња, двата тима да постигнат барем по еден погодок. Славија Прага и Феенорд на полувреме играа 1:1, а во вториот дел домаќините поведоа со 2:1 и имаа играч повеќе. Се чинеше дека мечот ќе заврши, кога во 93-тата минута, Феенорд со фудбалер помалку даде гол за 2:2.

Драма имаше и на Ајнтрахт, каде што домаќините со гол во 94-тата минута се спасија од пораз (2:2). Ајнтрахт поведе во 13-тата минута, а гостите израмнија на 1:1 во 33-тата минута. Во второто полувреме требаше двата тима да дадат гол, а мрежите мируваа до 88-мата минута. Тогаш Антверпен изненадувачки поведе со 2:1, а Ајнтрахт со гол во 94-тата минута стигна до 2:2 и гол-гол во прво и второ полувреме.

Голеада со среќен крај за домаќините беше на Баер Леверкузен – Селтик (3:2). Домаќините поведоа во 16-тата минута, а Селтик израмни во 40-тата минута за 1:1 на полувреме. Гостите први погодија во вториот дел, а Баер со два погодоци во последните 10 минути стигна до пресврт и победа од 3:2, но што е најважно, во двете полувремиња двата тима постигнаа барем по еден погодок.

Четвртиот меч на тикетот вреден 11.000 евра е Брондби – Лион, кој беше со комбинација Х-2&3+, а заврши со победа на гостите од 3:1, откако на полувреме немаше погодоци.

ИСТИТЕ ГОЛОВИ ВО 93-ТАТА И 94-ТАТА МИНУТА ДОНЕСОА МНОГУ СРЕЌА И ВО НОВО ЛИСИЧЕ

Драмата која беше на дуелите Славија Прага – Феенорд и Ајнтрахт – Антверпен донесе радост и на уште еден тикет, уплатен во Ново Лисиче. Со 500 денари, добивката е 70.820 денари. Условот на овој тикет е Феенорд да даде два гола во меч на кој ќе биде ГГ, што се случи во 93-тата минута, а во Ајнтрахт да има 2+ во првото полувреме, а 4+ голови на крајот.

На овој тикет погодени се уште два меча, и тоа Митјиланд – Брага 3:2 (1:1) и Рен – Витесе 3:3 (2:1). И овој тикет само со четири одиграни дуели му донесе многу среќа на обложувачот.

 

- Оглас -

Најнови вести