Со хитот на Адел се слави историската победа на шестолигашот Чорли (видео)

„Некој како тебе“, хитот на популарната пејачка Адел, грмеше во соблекувалната на шестолигашот Чорли по историскиот триумф над Дерби каунти во третата рунда од ФА купот.

Клубот кој се натпреварува во Националната Северна лига на Англија, славеше со 2-0 против тимот на Вејн Руни, победа каква што не се видела дури 30 години на Островот.

Чорли е првиот шестолигаш кој триумфирал против тим од Чемпионшип лигата во рамки од најстариот фудбалски Куп на светот, по победата на Вокинг над ВБА во 1991 година.

- Оглас -

Најнови вести