Дони Ван Де Бек ќе остане член на Ајакс најмалку до 14-ти август, бидејќи клубот сака да го има холандскиот репрезентативец кај себе на двомечот со ПАОК вечерва во Солун, и на реваншот на 13 август во Амстердам. На Ајакс многу му е важно да се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите, а Ван Де Бек им е повеќе од потребен за остварување на целта.
Ако го совлада ПАОК, Ајакс ќе треба да игра и со Карабах или АПОЕЛ, но тие не се толку силни како грчкиот првак, и Ајакс без Ван Де Бек би можел да победи и да си обезбеди влез во групите од ЛШ и заработка од десетици милиони евра.
Но, со играњето против ПАОК, Ван Де Бек ризикува многу, а и во Реал се плашат од такво сценарио. Несакана повреда би можела да значи поништување на договорот и талентираниот фудбалер да не го облече белиот дрес на „кралскиот клуб“.