Со игри на голови до милионски добивки, уплатени два идентични тикети едноподруго, ќарот е речиси 1,4 милион денари

Реванш-натпреварите од второто квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции донесоа добивка од 1,4 милиони денари на два тикети уплатени едноподруго во Пештани, Охрид.

Двата тикети беа со уплата од 1.000 денари, нето-добивката по тикет изнесуваше 695.681 денари, а вкупната добивка 1.391.362 денари.

На тикетите беа уплатени игри на голови, имаше пет пара и на три се бараа да има барем четири гола, а еден седум, а на последниот домашниот тим да постигне три гола и тоа во првото полувреме.

Натпреварите на кои се бараше да има барем по четири гола, излегоа без поголеми проблеми, Спартак Трнава со 4:1 ја совлада Ауда, Погон со 3:2 го совлада Линфилд, додека Марибор и Диферданџ одиграа 3:3.

Играчот, или играчите имале голема доза среќа на мечот од сингапурската лига меѓу Гејланд и Абрекс Нигата, каде што требаше да има седум гола. Натпреварот заврши со триумф на гостите од 1:6, а последниот седми гол беше постигнат во првата минута од судиското продолжение.

Среќата беше на страната на обложувачот или обложувачите и на последниот меч кој беше од исландската женска лига меѓу Бреидаблик и Селфос. Мечот заврши со 4:0, а фудбалерките на Бреидаблик донесоа огромна радост на обложувачот, или обложувачите бидејќи третиот гол во првото полувреме го постигнаа во третата минута од судиското продолжение.

- Оглас -

Најнови вести