Со „икс“ на Ливерпул – Сити и вкупен коефициент од 846.8, вреди да се проба

Точно 40 отсто од 1.324 прогнозери во 10-тото коло веруваат дека големото дерби меѓу Ливерпул и Манчестер сити ќе заврши без победник, односно со кладилничарски речник тоа ќе биде „икс“. Според коефициентите во Sport Life, ремито на „Енфилд Роуд“ е најисплатливо, бидејќи е со коефициент 3.55.

Од прогнозите на овие 1.324 играчи во ова коло на Спортска прогноза, за денеска нудиме тикет кој е најреален според процентот на вашите предвидувања. Денот треба да започне со две лесни победи на домаќините. Идентичен е процентот од високи 84 отсто дека Атлетик Билбао ќе го победи Леванте во Шпанија и дека Рен ќе го победи Амиен во Франција. За победа на Атлетик коефициентот е 1.73, додека коефициентот на Рен е 2.28. 

Во ова коло некако нерешените дуели како да треба да преовладуваат денеска. Освен ремито во дербито меѓу Ливерпул и Манчестер сити, за „икс“ најголеми се процентите уште на два други меча. За Волфсбург – Баер Леверкузен 41 отсто веруваат во нерешено, а дури 46,9 отсто очекуваат да нема победик и во дербито на Франција меѓу Олимпик Марсеј и Олимпик Лион. На дуелот во Бундеслигата коефициентот за „нула“ е 3.30, додека на мечот меѓу двете екипи со име Олимпик, ремито е со коефициент е 3.40.

Во преостанатите два денешни меча од понудата на Спортска прогноза, се очекува победа на Нант против Сент Етјен. Дури 46 отсто се за „кец“ со коефициент 2.20, додека единствената радост на гостите треба да биде резервирана за Ајнтрахт Франкфурт на мечот против Фрајбург. Во двојка веруваат дури 50,3 отсто, а коефициентот е 2.45.

Вкупниот коефициент на овие седум меча кој се дел од ова коло на Спортска прогноза, во тикетот составен од 1.324 учесници е 846.8. Едноставно вреди да се проба еден ваков „луд тикет“ кој може да донесе многу голема добивка. Сепак, вреди да се послуша размислувањето на 1.324 играчи на Спортска прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести