Со или без Никола Карабатиќ, Франција е фаворит против домаќинот

Германија – Франција (20:30 часот)

Првото големо дерби на ракометното светско првенство се игра вечерва. Домаќинот Германија против актуелниот планетарен владетел Франција е меч на кој двете селекции треба да покажат колку им е силата.

Германија сигурно ќе ја има поддршката од повеќе од 10.000 навивачи, но повторно фаворитската улога е за „галските петли“. Главна дилема за овој меч е дали во редовите на светскиот првак ќе се појави Никола Карабатиќ. Легендата на светскиот ракомет дополнително се приклучи на Франција, но засега мечевите ги гледаше од трибините. Според некои, Карабатиќ ќе го одигра првиот меч на Мундијалот токму вечерва против Германија.

Историјата на овие две селекции е голема. Од 2000 година досега имаат одиграно дури 13 меча на големите натпреварувања. Франција има седум победи, Германија се радувала два пати, а четири дуели завршиле нерешено. На пет од последните шест средби, Франција била подобра.

Предлог тип: 2&>52,5 (3.23)

 

Австралија – Сирија (14:30 ч.)

Австралија веќе си дозволи еден луксуз во Азискиот куп откако на свој терен загуби од Јордан со 0-1, но потоа без проблеми ја совлада Палестина. „Кенгурите“ овојпат сигурно нема да дозволат неуспех против Сирија, селекција која во претходните два меча не даде ниту еден гол. Домаќинот треба да стигне до победа, и тоа со повеќе од еден гол.

Предлог тип: 1&T1 2+ (1.90) – Квота на денот во Sport Life

 

Леишоеш – Порто (20:30 ч.)

Апсолутен фаворит е гостинот, но Леишоеш успеа на последните два меѓусебни средби да одигра 0-0. Сепак, фактот дека Леишоеш е во втората лига, и тоа во средината на табелата, јасно покажува дека Порто не би требало да има никакви проблеми да стигне до триумф, и тоа во меч на кој ќе може да видиме повеќе погодоци.

Предлог тип: 2&2-4 (2.00) – Квота на денот во Sport Life

 

Валенсија – Спортинг Хихон (21:30 часот)

Уште кога беше направена ждрепката, Валенсија го доби епитетот фаворит за поминување во следната фаза од Купот на Шпанија. Сепак,  дека сега Спортинг не е лесен противник, се покажа на првата средба, кога во Хихон домаќините славеа со 2-1. Тој резултат значи дека Валенсија вечерва ќе мора да брка победа.

Спортинг, кој сега е второлигаш, се надева на продолжување на традицијата, која вели дека на „Месталја“ нема загубено на последните две средби. Валенсија сигурно многу посериозно ќе си ја сфати работата и би требало уште во првиот дел да покаже дека е поквалтетен ривал.

Предлог тип: 1-1&2+ (2.30) – Квота на денот во Sport Life

 

Кореја – Србија (18 часот)

Дуел на две селекции кои немаат ниту една победа во првите три кола од Светското првенство. Србија започна добро и ремизираше против Русија, па очекувано загуби од Франција. Сепак, во мечот кој требаше да го добие, Србија загуби од Бразил и на теоретски ги сведе шансите за едно од првите три места во групата.

Кореја претрпе три убедливи порази и секако нема што да бара на овој дуел. Азиската селекција во просек прима по 32 голови, а на Србија може да ѝ значи и гол-разликата. Затоа ова може да биде меч со многу погодоци.

Предлог тип: 2&>57,5 (2.40)

 

- Оглас -

Најнови вести