4.8 C
Skopje
петок, 19 декември 2025

Со Илинден очекува пласман во повисок ранг, со младите „вардарци“ реди успеси, а со Sport Life ќе се обиде и да донира (Фото)

Во новото издание на Хуманитарниот тикет гостува добропознато фудбалско име. Зоран Тасески во својата кариера настапуваше за бројни екипи, како Скопје, Тетекс, Осогово, Локомотива, а во моментов е еден од лидерите на амбициозниот проект, ФК Илинден.

Тасески и соиграчите ја остварија целта за есенскиот дел, на полусезоната како први минаа низ целта, но амбициите на клубот се пласман во повисок ранг, а токму нашиот денешен гостин е еден од фудбалерите кои со своето искуство имаа голем придонес во одличните резултати.

Зоран Тасески веќе четири години работи и како тренер во академијата на Вардар. Во моментов е предводник на генерацијата фудбалери родени 2012 година, со која реди успеси. Своето знаење го пренесува на помладите, а како што вели и самиот – Вардар и Македонија имаат фудбалска иднина.

„Богатото фудбалско искуство што го имам се трудам максимално да им го пренесам на помладите. Веќе четврта година сум дел од академијата на ФК Вардар. Моментно како тренер на генерацијата 2012 и можам да кажам дека има деца со сериозен потенцијал. Во оваа возраст најважно е правилно да се работи на техниката, дисциплината, фудбалското размислување. Не треба да брзаме со големи очекувања, туку трпеливо да градиме играчи чекор по чекор. Што се однесува до Вардар и до македонскиот фудбал, верувам дека и Вардар и Македонија имаат иднина. Талент отсекогаш имало, но клучот е во континуирана и системска работа со младите категории. Ако се вложува во академиите, тренерите и условите за работа, резултатите сигурно ќе дојдат – и на клупско и на репрезентативно ниво. Фактот што сум веќе вклучен како тренер значи дека по завршувањето на играчката кариера, планирам да останам во фудбалот. Тренерската улога ја гледам како природно продолжение на мојата кариера. Дали тоа ќе биде и во сениорскиот фудбал – времето ќе покаже. Најважно е искуството стекнато на теренот да им користи на новите генерации.“

Во продолжение тикетот кој го одигра Зоран Тасески, кој ако биде добитен, средствата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

- Оглас -

Најнови вести