Германската Бундеслига само го покажа патот на тоа како треба да се организираат мечевите во време на пандемија од корона-вирусот, а сега дојде моментот тоа да го покажат и во Италија и Шпанија. Со враќањето на фудбалските возбудувања во овие две атрактивни фудбалски дестинации, се збогати и понудата на Спортска прогноза.
Новото 29-то коло веќе е во тек, а на понудата имате 13 интересни парови за прогнозирање, а најатрактивен е дуелот меѓу Наполи и Интер, кој се игра в сабота. Тоа е реванш-дуел од полуфиналето на Купот на Италија, а доколку има продолжувања и пенали, предвид ќе се земе резултатот по 90 минути.
Интересно ќе биде и во дербито во Германија, во кое Шалке го пречекува Баер Леверкузен. Тимот од Гелзенкирхен е во очајна серија и 12 меча беа победа во Бундеслигата, а Баер е опасен противник, па сите опции се можни.
За погодени 13 мечеви, односно Среќна 13-ка, следува вреден подарок мобилен телефон IPhone XS. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, додека за 11 погодени двојки, ви следува ваучер од 500 денари.
Во Генералниот пласман и натаму води Христијан Т. со 192 поени. Подарокот за шампионот е ТВ смарт од 48 инчи, а следните четворица најдоброрангирани ќе добијат многу поени за одличен шопинг во СЛ Маркетот на Sport Life.