Кошаркарите на Србија не успеаја да станат светски прваци, нашите соседи во финалето загубија од Германија, и ја продолжија непријатната традиција да губат финалиња откако играат под името Србија.
Додека државата се викаше Југославија, летаа злата од кошаркарските настани, но како Србија оди тешко и уште немаат титула, иако и среброто е успех со оглед на околностите.
Србија ги губеше финалињата на ЕП 2009, на СП 2014, на ЛОИ 2016, на ЕП 2017 и денеска на СП 2023. Заврши убава традиција за селекторот Светислав Пешиќ, човекот со долга тренерска кариера, до денеска не знаеше за пораз во финале со репрезентациите кои ги водел.