Со јуниорите против Верона: Корона-вирусот уште владее во Џенова

Во Џенова и натаму се активни 22 случаи на ковид-19, од кои 17-мина се фудбалери од првиот тим. Речиси целата екипа на Џенова е во карантин, Горан Пандев е еден од ретките кои избегна контакт со вирусот и успеа да ѝ се приклучи на Македонија за претстојните предизвици во Лигата на нациите.

Поради корона-вирусот, дуелот против Торино во претходното коло од Серија А се одложи, а за да не дојде до ново нарушување на распоредот, Џенова во мечот против Верона ќе настапи со јуниорскиот тим, откри спортскиот директор Даниеле Фаџано.

„Моментално тренингот личи како да се одвива на футсал-екипа, со петтмина играчи на теренот. Од претходно потврдените 17 случаи на ковид-19 меѓу фудбалерите и натаму се активни. Секако дека ќе се прават нови тестирања до наредниот натпревар во лигата, но ние веќе донесовме одлука да настапиме со јуниорскиот состав во средбата против Верона“, истакан Фаџано.

Дуелот Верона – Џенова е закажан за 19 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести