24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Со комбинација на мечеви од Англија и Италија до вкупна квота над 70

Со мечевите од италијанската Серија А и дуелите од англиската Премиер лигата вечерва се затвораат возбудувањата во Топ 5 лигите за 2024 година. Петте меча кои се одбрани во понудата за Квоти на денот ако се одиграат со понудените комбинации, ќе ви донесат вкупен коефициент од 71,82.

Комо го пречекува Лече и се очекува домаќинот да постигне најмалку еден погодок во првото полувреме, а на крајот да има 2+ погодоци во мрежата на гостите. Квотата за оваа комбинација е 2.60.

Астон вила и Брајтон треба да одиграат возбудлив меч со погодоци на двете страни и во двете полувремиња. Оваа игра се вреднува со квота од 2.05.

Челзи е голем фаворит за победа на теренот кај Ипсвич. Освен тоа дека трите бода треба да заминат на „Стемфорд Бриџ“, ова е средба на која треба да има од два до четири погодоци за да биде добитна комбинацијата со квота од 2.45.

Болоња ќе атакува на победа во дуелот против Верона. За „кец“ на овој дуел и најмалку по еден гол во двете полувремиња, коефициентот е примамлив и изнесува 2.50.

Дербито на денот ќе биде на „Олд Трафорд“, каде што Манчестер јунајтед ќе игра против Њукасл. Тука опцијата е да има победник во меч на кој ќе бидат постигнати од два до четири гола. Оваа комбинација е со 2.20.

- Оглас -

Најнови вести