Жезус Мануел Корона е единствениот играч на Порто што дава голови за лидерот во Португалија по долгата пауза поради корона-вирусот, а доцна вчеравечер со погодок во шестата минута против Маритимо го врати својот тим на врвот на табелата.
Мексиканецот постигна фантастичен гол со кој го реши мечот во раната фаза и покажа зошто за него има интерес од неколку европски гиганти, пред сè од Челзи.
Корона погоди и во претходното коло за Порто, прво по камбекот на Примеира во Португалија и засега останува единствениот стрелец во пост-корона ерата за најсериозниот кандидат за титулата. На тој меч Порто загуби од Фамаликао со 2:1, но сега го порави киксот, благодарение најмногу на мексиканскиот репрезентативец.
Порто по триумфот против Маритимо има 63 бода, два повеќе од единствениот ривал за титулата Бенфика на 8 кола до крајот на сезоната.