Со кршење со велигденски јајца одлучуваа кој тим ќе го има почетниот удар (Видео)

На мечевите во женската австриска Бундеслига кои се играа на католичкиот Велигден се примени една интересна идеја околу одредувањето на тоа кој тим ќе го има почетниот удар. На дуелот помеѓу УСВ Нојленгбах и СКН Санкт Пелтен судијката Марина Ауфшнајтер не фрлаше паричка пред изборот на страните и почетниот удар, туку на дамите во улога на капитени им даде по едно велигденско јајце.

Тие со кршење на јајцата одлучуваа кој тим ќе бира страна, кој прв ќе ја има топката во свој посед.

Погледнете ја целата ситуација ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести