Со кунг фу удар наместо да даде гол, го патосираше противникот (Видео)

Порто не дозволи изненадување и се пласираше во четвртфиналето од Купот на Португалија, откако минимално со 1:0 славеше против Санта Клара. Накаџима го даде единствениот гол, но дуелот ќе се памти по еден друг потег.

Напаѓачот на Порто, Зе Луис се обиде да постигне ефектен гол со ножички, но тоа сакаше да го направи кога во близина имаше многу играчи. Зе Луис високо скокна и замавна со ногата, но наместо во топката, директно во главата го удри противничкиот играч Нене.

Ударот беше толку силен што противникот падна како покосен на тревата и остана без свест. Мораа да реагираат лекарите и на носилни да го изнесат повредениот фудбалер. За потегот кој го направи, многу навивачи по социјалните мрежи коментираат дека Зе Луис без проблем може да започне и кариера во УФЦ рингот.

https://twitter.com/i/status/1207750674718564352

- Оглас -

Најнови вести