Неделен попладневен тикет уплатен во објект на Sport Life во близина на Зелено Пазарче во Скопје посреќи еден обложувач. Само со 40 денари уплата, нето-добивката е 138.275 денари, заработени со погодени осум натпревари.
Интересно е дека сите осум мечеви се од тие што се играа во поладневниот период. Погодени се трите меча од 15 часот што се играа во Премиер лигата. Арсенал и Тотенхем по првото полувреме играа 1:1 за добитно ГГ по првите 45 минути. Челзи дома загуби од Астон вила со 0:1 и тоа беше доволно затоа што на тој меч не смееше да има повеќе од еден погодок. Ливерпул убедливо со 4:0 го победи Вест хем, резултат кој беше доволен за уште еден супер погоден коефициент.
Во Бундеслигата, Баер Леверкузен со 4:1 славеше над Хајденхајм, а во една од ниските германски лиги, Фортуна Келн на гости го победи Бонер со 4:2. Со многу голови завршија и дуелите Тромсо II – Лоренског 1:4, ФХ – Стјарнан 1:3 и Јанг бојс – Лугано 4:1, па тикетот кој можеби бил уплатен со кусурот од купување на пазарчето, му донесе полн паричник.