Петте натпревари од денешните Квоти на денот се од мечеви на фудбалски гиганти и ако се одиграат заедно, прават вкупен коефициент од 53.98.
Првиот предлог ја има најмалата квота која изнесува 1.95, и е за градското дерби меѓу Ливерпул и Евертон. Црвените се фаворити на овој меч, и предлогот на Sport Life е да одиграте за победа на домаќинот и притоа да бидат постигнати барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.
Манчестер сити кој има два порази по ред, го пречекува Брајтон и нема избор, мора да им се врати на победите. Квота од 2.20 се добива ако се одигра дека Граѓаните ќе постигнат два гола, и дека двата тима ќе ги тресат мрежите.
Најголемата квота е од дуелот во Серија А меѓу Торино и Интер и изнесува 2.55. Таа се добива ако се одигра Интер да не загуби, а притоа и двата тима да постигнат гол.
Во фокусот на фудбалска Европа денеска ќе биде лондонското дерби меѓу Челси и Арсенал. Sport Life за овој дуел ви предлага да одиграте дека ќе има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, а квотата за оваа игра изнесува 2.10.
Последниот предлот е од шпанската Ла Лига и дерби пресметката меѓу Севиља и Реал Мадрид. Реал кој славеше на последните четири меѓусебни пресметки, ја има фаворитската улога и поради тоа предлогот на Sport Life е да се одигра дека Кралевите ќе постигнат барем еден гол во првото полувреме и најмалку два гола на целиот натпревар. Квотата за оваа игра изнесува 2.35.