Пет интересни натпревари се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 60.6, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.50.
Саутемптон е фаворит против Рексам, па квотата од 2.45 ќе биде добитна само ако домашните постигнат барем еден гол во првото полувреме, но и најмалку два на целиот натпревар.
Од фудбалерите на ЦСКА Москва се очекува да не загубат на домашен терен од Рубин и тоа во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола. Доколку овие два услова бидат исполнети, квотата од 2.00 ќе биде добитна.
Во Белгија се игра градско дерби на Клуб Бриж и Серкл Бриж. Домашните се фаворити и доколку ја оправдаат улогата која ја имаат во меч на кој ќе има по најмалку еден гол и во првото и во второто полувреме, квотата од 2.15 ќе биде добитна.
Понудената квота од 2.30 за натпреварот на Феенорд и Бреда ќе биде добитна само ако има еден или два гола во првото полувреме, но и најмалку три на целиот натпревар.
Голови и ефикасен фудбал се очекува на мечот помеѓу Осијек и Ријека. Квотата од 2.50 ќе биде добитна само ако се затресат двете мрежи, но и ако има голови и во двете полувремиња.