Пет фудбалски натпревари се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Поединечно квотите за петте натпревари се движат помеѓу 1.95 и 2.55, додека искомбинирани на еден тикет прават одлична квота од 50.3.
Од фудбалерите на Баерн Минхен се очекува да победат на мечот против Ст. Паули, но квотата од 2.00 ќе биде добитна само ако имаат водство и на полувремето, но и ако има најмалку три гола на целиот меч.
Најголемата квота во оваа понуда е за мечот помеѓу Еспањол и Атлетико Мадрид, а ќе биде добитна само ако „јорганџиите“ не загубат во меч на кој ќе се затресат и двете мрежи.
Јувентус е фаворит во дуелот против Џенова, па квотата од 2.20 ќе биде добитна само ако „старата дама“ ја оправда фаворитската улога, но и ако има најмалку еден гол во првото полувреме.
Од фудбалерите на ПСЖ се очекува лесна и убедлива победа на гостувањето кај Ст. Етјен, но квотата од 2.30 ќе биде добитна само ако „светците“ постигнат најмалку два гола во првото полувреме.
Оваа понуда ја затвораат екипите на Реал Мадрид и Леганес, а јасно е дека „кралевите“ се апсолутни фаворити. За да биде добитна понудената квота од 1.95 потребно е домашните да постигнат барем еден гол во првото полувреме, но и најмалку три на целиот натпревар.