Пет натпревари од најквалитетните европски лиги се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life и сите се квоти од 2.05 и поголеми кои ако се одиграат на еден тикет прават квота од 60.8.
Првиот предлог ја има и најмалата квота која изнесува 2.05 и од дербито во Премиер лигата меѓу Манчестер јунајтед и Тотенхем. Оваа квота се добива ако се одигра дека Црвените ѓаволи нема да загубат, а притоа и двата тима постигнат гол.
Фиорентина го пречекува Удинезе и ја има фаворитската улога. Предлогот на Sport Life е да се одигра дека Виолетовите ќе победат, а притоа ќе биде постигнат барем еден гол во првото полувреме. Квотата за оваа игра изнесува 2.35.
Вечерва се игра и најголемото светско фудбалско дерби, популарното Ел класико меѓу Реал Мадрид и Барселона. Двата гиганти играат во финалето на шпанскиот Супер куп, а во последното време нивните дуели се ефикасни. Поради тоа предлогот на Sport Life е да се одигра дека двата тима ќе постигнат гол и дека мрежите ќе се тресат и во првото и во второто полувреме.
Во Серија А исто така се игра дерби, Милан на „Сан Сиро“ ја пречекува Рома и тука играта на голови е најреална опција бидејќи последните осум меѓусебни дуели завршиле „гол-гол“. Овој пат предлогот е да се одигра дека ќе има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, а квотата за оваа игра изнесува 2.25.
Последниот предлог е од дуелот од француската Лига 1 меѓу Ланс и ПСЖ и ја има најголемата квота која изнесува 2.55. Оваа квота се добива ако се одигра дека ПСЖ ќе постигне барем еден гол во првото полувреме и најмалку два гола на целиот натпревар.