Петте натпревари кои се дел од понудата во Квотите на денот на Sport Life се со квоти од 2.10 до 2.60 и ако се искомбинираат заедно на ист тикет, се добива коефициент од 69.06.
Првиот предлог е од дуелот во Ла Лига меѓу Хетафе и Рајо Ваљекано и има квота од 2.50. Оваа квота се добива ако се одигра дека и во двете полувремиња ќе има меѓу еден и три гола.
Вториот предлог ја има најголемата квота која изнесува 2.60 и е од дуелот меѓу Реал Сосиедад и Алавес. Оваа квота се добива ако се одигра дека Реал Сосиедад нема да загуби, а притоа и двата тима ќе постигнат гол.
Лудилото во Премиер лигата да се играат натпревари од Премиер лигата секој ден кое започна со Боксинг деј продолжува денеска, и тоа со дуелот меѓу Вест хем и Брајтон. Предлогот на Sport Life за овој натпревар е да се одигра дека Чеканите нема да загубат и притоа ќе бидат постигнати меѓу два и пет гола.
Милан е фаворит во дуелот со Калјари и тука предлогот е да се одигра на голови. Квотата за Милан да постигне барем еден гол во првото полувреме и барем два гола на целиот натпревар изнесува 2.20.
Последниот предлог е од натпреварот меѓу Валенсија и Виљареал и има квота од 2.30.
Оваа квота се добива ако се одигра Валенсија да не загуби и притоа да постигне барем два гола.