Пет натпревари од европските квалификации за пласман на Светското првенство 2026 се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 49.5, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.90 и 2.40.
Очекувањата се дека Грузија нема да загуби на домашен терен од Бугарија, а доколку тоа се случи во меч на кој ќе има помеѓу еден и три гола во двете полувремиња, тогаш квотата од 2.35 ќе биде добитна.
Македонија е апсолутен фаворит против Лихтенштајн, но за да биде добитна квотата од 1.90 потребно е нашите фудбалери да имаат водство на полувремето и на крајот да победат, а на целиот натпревар да бидат постигнати помеѓу три и шест гола.
Германија по поразот од Словачка ќе мора да се „вади“ против Северна Ирска. Понудената квота од 2.10 за овој натпревар ќе биде добитна само ако Германците постигнат барем еден гол во првото полувреме, но и најмалку три на целиот меч.
Полска ја има фаворитската улога против Финска, па доколку тоа го оправдаат и на теренот и победат во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и пет гола, тогаш квотата од 2.20 ќе биде добитна.
Голови се очекуваат на дуелот помеѓу Турција и Шпанија, а понудената квота од 2.40 ќе биде добитна доколку нив ги има еден или два во првото полувреме, но и најмалку три на целиот натпревар.