Нови пет натпревари се дел од понудата во Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте меча е 40.7, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.20.
Понудената квота од 2.00 за натпреварот на Болоња и Милан ќе биде добитна само ако гостите постигнат еден или два гола во второто полувреме.
Блекбурн и Шефилд имаат квота од 2.20, а таа ќе биде добитна ако домашните постигнат најмалку еден гол на целиот натпревар, но и ако има повеќе голови во второто полувреме.
Баер Леверкузен ја има фаворитската улога против Ст. Паули, па доколку тоа го оправдаат и на теренот во меч на кој ќе има помеѓу два и пет гола, квотата од 2.05 ќе биде добитна.
Понудената квота од 2.15 за дуелот на Арсенал и Челзи ќе биде добитна само ако се затресат двете мрежи во Лондон, но и ако има најмалку по еден гол и во двете полувремиња.
Очекувањата се дека Хартс нема да загуби на гостувањето кај Ст. Мирен, а за да биде добитна квотата од 2.10, потребни ќе бидат и најмалку два гол за гостите.


