Со Лампард, на „Стемфорд бриџ“ се враќа и Дрогба

Само неколку часа откако се потврди дека Маурисио Сари доби дозвола да замине од Челзи за да ја преземе клупата на Јувентус, раководството на Сините се блиску до постигнување договор со предводникот на Дерби каунти, Френк Лампард.

Легендата на клубот ќе ја добие довербата за кормилото на Челзи, а со него носи и уште една клупска икона. Наводно, Лампард ќе го ангажира Дидие Дрогба за тренер на напаѓачите, додека неговата десна рака од Дерби, Џоди Морис исто така ќе пристигне на „Стемфорд бриџ“ со него.

Челзи го чека потписот на Сари со италијанскиот првак, за да ја добие отштетата од 7 милиони фунти, а од нив да искористи 4 милиони фунти за да го откупи договорот на Лампард. Легендата на Сините и воедно рекордерот по број на погодоци (211) во својата дебитанстска сезона на клупата на Дерби ги покажа своите тактички сподобности и се верува дека е подготвен да ја започне револуцијата во тимот од Лондон.

Инаку, Лампард и Дрогба во синиот дрес заедно освоија вкупно 12 титули, меѓу кои најзначајните се три во Премиер лигата и единствената титула на клубот во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести