Со лесно, Македонија напладне ќе ги дознае ривалите за квалификациите за СП 2026

Денеска во Цирих со почеток во 12 часот ќе се одржи ждрепка за европските квалификации за Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Ова извлекување со нетрпение се очекува и кај нас бидејќи Македонија ќе дознае каков ќе биде патот до Мундијалот во северниот и средниот дел на Америка.

Македонија е во третиот шешир и ќе се најде во една од шесте групи кои ќе имаат по пет екипи, а квалификациите ќе ги почнеме во март 2025.

На СП одат победниците од сите 12 групи, а второпласираните одат во баражи. Европа ќе има 16 тима на Мундијалот.

Секако, ќе биде тешко да се пласираме на СП, но може да се најдеме во многу тешка група, на пример со европскиот првак Шпанија, со Англија, Португалија или со Франција, со која никогаш не сме играле, има и прифатливи варијанти, како Австрија, Данска или Швајцарија.

Во вториот шешир има редица силни тимови и учесници на СП и ЕП од кои ќе мора да бидеме подобри барем за место во бараж, таму е и Грција, со која никогаш не сме играле, а и во четвртиот шешир има потенцијални „мини“ – Бугарија, Косово, Белорусија.

На хартија, најлесна група би ни била со Австрија, Словачка или Велс, Литванија и Сан Марино.

Една од опциите е и балканска група со Хрватска, Србија, Бугарија и еден аутсајдер од петтиот шешир.

Македонија има шанса за бараж и преку Лигата на нациите, но ќе ни треба место на СП или бараж преку овие квалификации да обезбедат барем седум од овие селекции: Шпанија, Германија, Португалија, Франција, Англија, Норвешка, Велс, Чешка, Романија и Шведска.

Прв шешир: Франција, Шпанија, Англија, Португалија, Холандија, Белгија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска и Австрија.
Втор шешир: Украина, Шведска, Турција, Велс, Унгарија, Србија, Полска, Романија, Грција, Словачка, Чешка и Норвешка.
Трети шешир: Шкотска, Словенија, Република Ирска, Албанија, Македонија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Израел.
Четврти шешир: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Косово, Ерменија, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Фарски Острови, Летонија и Литванија.
Петти шешир: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн и Сан Марино.

- Оглас -

Најнови вести